Thursday, December 19, 2013

Водород



   Водородот е хемиски елемент кој во периодниот систем се означува со буквата H, атомски број (реден) е 1, а атомската маса изнесува 1,00794. Водородот е едноставен и лесен хемиски елемент во природата. Неговиот атом се состои од еден протон кој претставува јадро на атомот и еден електрон. Универзумот е преполн со водород, односно околу 75% од неговата маса, секој сантиметар кубен од меѓу ѕвездениот простор содржи неколку атоми на водород. Од друга страна еден кубен сантиметар од внатрешноста на планетата Јупитер содржи 1025 атоми на водород. Исто така и ѕвездите во главно се состојат од водород во форма на плазма.
При нормална температура и притисок водородот е безбоен, без мирис, без вкус, нетоксичен, високо запалив биатомарен гас со молекуларна формула H2. На земјата водородот го има како слободен и тоа во горните слоеви на нејзината атмосфера, но најмногу го има сврзен во неговите соединенија: водата (H2O)  сврзен со кислородот, потоа во киселините, во хидроксидите (бази), органски соединенија и други. Водородот во природата може да се најде во три изотопни форми протиум, деутериум и тритиум, но најзастапена стабилна форма е протиум (1H) со еден протон и еден електрон без неутрон.
Индустриски денес водородот се добива најмногу како земјен гас, а многу поретко и со електролиза на вода. Најмногу се користи во производство на фосилни горива и добивање на амонијак.
                                                                                      5.5 Линиски спектар 

      Емисионите линии од спектарот на водородот припаѓаат на видливиот спектар на светлината, тоа се четери линии од така наречената Балмерова серија.


http://htmlimg1.scribdassets.com/7gvgrmzk742r7op5/images/10-17bbe71821.jpg

Сл.3 Линиски спектар на водородот

       Заради едноставната структура на водородниот атом заедно со спектарот на светлина што тој го зрачел или апсорбирал претставувал централна фигура за развој на теоријата за структура на атомот.
      Меѓу првите приметени квантни ефекти на водородот е неговиот линиски спектар уште пред воведувањето на квантната теорија Ангстрен направил експеримент со кој побудувал со електрична енергија гас од водород поставен во стаклен сад. Овој гас зрачел светлина која пуштена преку призма давала правилно раздвоени 4 снопа на светлина.

No comments:

Post a Comment